Инстаграм профили

Кул македонски инстаграмџии кои мора да ги следиш

Што е она што некои инстаграмџии ги одделува од другите? Фотките, описот или пак креативното био?

Скролајќи секојдневно низ Инстаграм feed и наидувајќи на прекул профили(и тоа од македонски инстаграмџии!) со интересен feed и опис, решив да истражам кул македонски инстаграмџии кои мора да ги следите(доколку пропуштив некого, слободно пишете во коментар).

Она што ме инспирира за да го креирам овој пост е токму два профили кои нонстоп ми се ,,моткаат” на почетна(не ви откривам кои), што кога им го отвараш Инстаграм профилот просто се воодушевуваш.

Да не должам многу, проследете во самиот пост :).

[Епа вака (замисли сцена со засукување на ракави… ок не, хаха)… ]

@_project.06

 

 

Ова е профил(налик на страници од некое списание за фотографија) кој се наоѓа на прво место што би требало да го следите. Feed-oт е одличен и е профил кој со својата содржина се одвојува од останатите содржини на Инстаграм(разгледајте го и ќе видите на што мислам).

Самиот начин на постирање е организиран до  степен каде што креативноста просто ги надминува границите за кул Инстаграм профили. Зад овој одличен профил стои инстаграмџијата Дарко(@darko_vski).

https://www.instagram.com/p/Bhy5fnpnE_D/?taken-by=_project.06

 

 

@va.dot

 

Профилот на Варвара што се издвојува од другите Инстаграм профили каде што се постираат портрети е несекојдневно објавување на малку покреативна портретна фотографија. Освен кул и креативни портрети, на профилот од Варвара може да разгледате и дел од нејзината уметност: графички дизајн.

 

@theplugofl

 

Уште еден профил, но во сосема различно издание, зад кого стои инстаграмџијата Никола(@nikola.kolevski) кој фотографира и се труди да го оддржува овој профил  фенси. Сакате да си купите уникатни пар патики или парче облека? Тогаш овој профил е токму тоа што треба да заследите. 

 

 

@astskeet

 

Можеби повеќето од вас го знаете профилот на инстаграмџијата Александар кој се труди со сите нас да сподели дел од разгледниците кои ги добива од различни делови на светот. Необични писменца и кул сувенири, дел винтиџ детали кои ги исполнуваат фоткиите на овој профил. Разгледајте.

https://www.instagram.com/p/BJ5dcWdDFoo/?taken-by=astskeet

 

@nkipro

Ама чекај… Не, баш напротив, овој инстаграм профил се наоѓа на оваа листа од причина што во самата локација на фотографијата е додадено интересно место(океј, не баш место) доволно да ве насмее и да ви го направи денот :).

https://www.instagram.com/p/Bh90bGtHnHv/?taken-by=nkipro

 

Доколку пропуштив неколку профили, слободно пишете ми за да објавиме во следен серијал 🙂

…and remember: бидете свои и креативни на самата платформа од Инстаграм за да бидете препознатливи.

 

Автор: Maja

 

 

Leave a comment