Апликации · Дизајн · Tips & Tricks

3 популарни апликации за едитирање меѓу Инстаграмџиите

Не, нема класично да ви кажуваме за апликациите како VSCO, Lightroom и Фотошоп за едитирање на фотките за на Инстаграм. Со вас ќе споделиме нови апликации кои се хит меѓу инстаграмџиите, апликации кои во себе содржат многу кул опции.

Вистина е дека Инстаграм сам по себе нуди мноштво опции за прилагодување на вашите фотографии, но истите не се доволни за страсните фотографи. Филтерот Valencia е ретро. Потребни ви се други кул филтери, колажи и рамки.

Па, да започнеме со набројување :).

[Кавер фото: @viktorcee]

Afterlight

Достапна: Android/iOS

Наша оцена: 4.5/5

Ова е можеби најкористената  апликација во последно време меѓу инстаграмџиите која стана вистински хит со самите опции кои ги нуди. Фотките можете да ги едитирате во ретро и винтиџ стил, бесплатна е(освен некои филтри кои се купуваат за цена од $0.99). Достапна е за на Android и iOS , а исто така може да ја најдете на Microsoft Store за на Windows 10.

 

 

Glitchr

Достапна: Android/iOS

Наша оцена: 4/5

Glitchr е сосема нова апликација ексклузивна за Андроид која ви овозможува да  вашите фотографии  да добијат кул  ретро изглед! Можете да изберете помеѓу четирите прекрасни и оригинални ефекти, за да им дадете на вашите фотографии уникатна атмосфера. Освен тоа, Glitchr вклучува Gameboy, Gameboy камера, VHS (стариот ТВ ефект), НЕС, стариот стил 3D Anaglyph, ASCII уметност и Glitch Art ефекти со кои можете да ,,играте” на вашите фотографии! Откако ќе завршите, можете да ја зачувате фотката или да ја споделите на Инстаграм или друга социјална мрежа.

Huji Cam

Достапна: Android/iOS

Наша оцена: 4/5

*Да напомениме дека оваа апликација не е официјална апликација од FujiFilms.
Со помош на оваа апликација ќе направите вашите фотки да изгледаат како да се направени со аналоген филм исто како во ’90тите години направени со Fuji. Ова е една од најкористените апликации меѓу инстаграмџиите која станува збор за винтиџ/ретро ефекти.
Лесна и едноставна за едитирање.
[фотографија направена со AfterLight]

 

Leave a comment